Кога јадете и руска и месо си правите бомба во стомакот: Д-р Дејан советува како да се храните за време на празниците

t

Ние сме народи кои живеат многу лошо, вели проф. д-р Дејан Чубрило, професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац и специјалист по спортска медицина, објаснувајќи Балканците постојано мислат на тоа што ќе јадат и како ќе се прејадат, а тоа особено се гледа за време на зимските празници.

Кога доаѓа Нова година ние едноставно сме преотоварени со тоа што сè ќе имаме на маса. Па размислуваме кога да се купи, од која продавница, колку…, вели тој.

Единствен начин да си помогнеме себе и на организмот, вели, е да престанеме да внесуваме толку голема количина храна.

Сè зависи од нас, да си ставиме прст на чело колку ќе изедеме, но најважно од сè, што јадеме и како го комбинираме. Ако веќе јадеме од печењето, да си кажеме „добро, јадам месо, но нема да јадам и мезе, значи денес нема сувомеснато и кашкавал“, или „нема да јадам и зелник со месото и без руска салата“. Кога јадете руска салата со месото, вие си правите таква бомба во телото што не може да се свари, а потоа се создаваат гасови, од кои некои излегуваат надвор, ама повеќето остануваат во системот. Замислете си ги гасовите како оставена храна на тераса и таа скапува, смрди… Баш така гасовите испаруваат, од тоа несварено месо излегува метан, влегува во циркулацијата, органите ти се преоптоварени… Така го преоптоварувате и телото и имунолошкиот систем, објаснува д-р Чубрило.

Руската салата сама по себе не е „забранета“, но ако веќе ја јадете, д-р Чубрило советува да ја јадете само со кифлички, можеби и некаква пита.

Немојте и месо, и кашкавал, и сарма, тоа е најлошата комбинација, затоа што сè тоа е масти и протеини. Сармите може да се каснат со малку леб, малку туршија. Туршијата е многу здрава работа, на пример киселите краставички, феферонка, но тоа е единственото нешто што оди во комбинацијата со сарма, вели докторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…

Европа се соочува со огромен недостиг од…

Европската енергетска криза може да добие нова…