Колку ќе не’ чини откажувањето од рускиот гас? 750 милиони евра е “влогот” на Македонија во “Александрополи”

t

Премиерот Ковачевски ги објави влоговите со кои Македонија ќе мора да влезе во грчко-бугарско-американскиот проект Александрополи.

Изградбата на терминал за истоварување на течен американски гас и електрична гасна централа ќе ја чини Македонија над 750 милиони евра. Ќе треба да платиме 380 милиони за 25 проценти удел во гасната централа која има инсталирана моќност од 800 мегавати (за споредба, РЕК Битола има 700 мегавати). Но бидејќи Грција нема гас, а под американски притисок се откажуваме од рускиот гас, Македонија треба да плати уште 370 милиони евра за само 10 проценти удел во гасниот ЛНГ терминал кој се гради во Александрополи.

Со оваа инвестиција, Македонија ќе може да се надева дека, кога централата ќе проработи, ќе добие струја, а кога ќе изгради гасовод, ќе добие и американски гас – цената на двете е под знак прашање.

Извор: Македонски весник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испораките на руски гас во Кина ќе…

Русија и Кина разговараа за прашањето за…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Бизарна несреќа во Хрватска: Пуштил телевизор и…

Во Осиек дошло до експлозија во стан…

Молдавија сепак ќе купува гас од Русија

Како што се приближува зимата Молдавија се…

Расте цената на нафтата, се намалува цената…

Природниот гас во Европа утрово падна за…