Колона: Франција не е во војна со Русија, но ќе продолжи да ги зголемува испораките на оружје
Француската министерка за одбрана Катрин Колона во Киев изјави дека Париз е подготвен да ја зголеми воената помош за Украина, за да и помогне да се спротивстави на руската инвазија.
– Франција не е во војна со Русија, но ќе продолжи да ги зголемува испораките на оружје, истакна Колона на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеба.
Колона истакна дека оружјето во Украина ќе пристигне „во текот на следните недели“.
Двајцата министри разговараа и за интеграција на Украина во Европската Унија.
– Ја замолив мојата француска колешка не само да ја поддржи одлуката за доделување кандидатски статус на Украина, туку и да ги убеди оние кои сè уште се сомневаат во соодветноста на овој чекор, посочи Кулеба.
Колона ја посети и Буча, каде руските трупи убија стотици цивили. Таа е највисок француски функционер што ја посетил Украина од почетокот на инвазијата и е предвидено и да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…