Објавено на:

Комеморации во Србија за жртвите на ланското масовно убиство на девет млади луѓе

t

Пред една година, доцна во ноќта, 21-годишниот Урош Блажиќ со автоматско оружје уби девет млади лица – Никола Милиќ (14), Александар Миловановиќ (17), Марко Митровиќ (17), братот и сестрата Кристина (18) и Милан Паниќ (22) Лазар Миловановиќ (19), Немања Стевановиќ (21), Далибор Тодоровиќ (24) и Петар Митровиќ (25), а повреди уште 12, објави Индекс.

Злосторството се случило еден ден по масовното убиство на основците во училиштето „Владисалв Рибникар“. Заедно со Урош Блажиќ, обвинителството предложило максимална казна од 20 години за неговиот татко за неовластено поседување на поголема количина оружје, муниција и експлозивни материјали, додека за истите кривични дела се товарат и неговиот вујко и синот на вујкото, со понизок предлог за казна. Заедно со семејствата и роднините на убиените, на комеморативната средба присуствуваа пријатели, колеги од училиште и родители на загинатите ученици во ОУ „Владислав Рибникар“, кои ден претходно ја одбележаа годишнината од убиството на нивните деца кои биле убиени од врсник. Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговите колеги, исто така, им оддадоа почит на жртвите на масовните убиства во Мало Орашје и Дубона.

Двете масовни убиства на 3 и 4 мај минатата година беа извршени за помалку од 48 часа. Откако 13-годишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај за време на првиот час со пиштолот на татко му го уби училишниот чувар и деветмина негови соученици, а рани уште петмина и наставник, на 4 мај доцна во ноќта, 21-годишен млад човек изврши масакр во две села кај Младеновац и Смедрево и зад себе остави девет жртви и 12 ранети.

Тие две злосторства минатиот мај се одбележаа со повеќемесечните протести „Србија против насилството“ на кои учествуваа стотици илјади луѓе низ целата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина повредени во сообраќајка на патот Кичево…

Пет лица, меѓу кои двајца малолетници се…

Претседателството на ДУИ ќе одржи состанок

Претседателството на ДУИ денеска ќе одржи состанок.…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Познатиот рапер брутално ја претепал…

Раперот Паф Деди (Шон Комбс) во изминатите…

Чести самопрегледи и заштита од сонце, советуваат…

Чести самопрегледи и заштита од сонце, се…

„Лидл“ го подготвува теренот за соработка со…

Над 130 компании од државава биле запознаени…