Комисијата за спречување дискриминација утврди: Шекеринска вршела мобинг на вработени во Министерството за одбрана

t

Комисијата за спречување на дискриминација, иако со пробивање на законскиот рок и со големо задоцнување, по поднесени претставки од вработени во Министерството за одбрана, донела решение со кое утврдила дека Радмила Шеќеринска како министерка за одбрана вршела мобинг врз овие вработени. За ова решение извести Левица, која соопштува дека мобингот врз овие офицери продолжува и со новата министерка Славјанка Петровска.

До Левица се обратија вработени од Министерството за одбрана, кои биле жртви на мобинг од поранешната министерка Шекеринска.

„На овие вработени, иако се долгогодишни докажани кадри во одбраната, Шекеринска континуирано им вршела мобинг, ги деградирала, не дозволила да напредуваат во кариерата, незаконски им давала решенија за прекоманда и работните задачи им биле сведени на минимум.

Офицерите се обратиле до сите надлежни институции но, сите, освен Комисијата за спречување на дискриминација, останале глуви на жалбите на овие лица.

Дека се работи за партиско диктирано самоволие на корумпираните структури на СДСМ, говори фактот што голготата на овие офицери продолжува и по смената на Шекеринска, затоа што и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска, продолжува со вршење мобинг.

Ваквото малициозно самоволие, со кршење на законите заради партиски и лични хирови, е само дел од комплетната девалвација на македонската Армија, која Шекеринска, како најистурен НАТО-пулен, доследно ја реализира низ годините.
Слабеењето на безбедносните сили, деградирање на нивниот морал, поткопувањето на безбедносната структура ја доведе Македонија во целосна потчинета состојба, со изгубен суверенитет и територијален интегритет – каде странски авиони го чуваат воздушниот простор, благодарение токму на Радмила Шекеринска“, соопшти Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Толку од офанзивата, Украина се спрема за…

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…

Наставниците се жалат на мобинг од учениците…

Мобингот кон наставниците од страна на учениците…

Нема конкретна закана за напад врз Македонија,…

Во овој момент не постои конкретна закана…

Русија ги мотивираше: Скандинавските земји ќе ја…

Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да…

ЕУ се наоружува: Унијата одвои дополнителни 200…

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување…