Комисијата за спречување на корупцијата ќе продолжи да го следи случајот со Иљази, обвинета е за случувањата со договорите на дело на Токсикологија
По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, ОЈО Скопје почна постапка против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија за злоупотреба на службената положба, Бесија Иљази.
Државната комисија за спречување на корупцијата извести дека Основното јавно обвинителство, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифати иницијативата, оформи предмет и почна постапка по обвинителен предлог против Иљази.
„Во согласност со обвинителниот предлог обвинетата е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата во согласност со член 353 став 1 од Кривичниот законик. Директорката во текот на мај 2024 година, во својство на организациски директор на Клиниката, со здравствените работници потпишала договори за дело спротивно на Законот за здравствената заштита, со кои дејства ги пречекорила своите службени овластувања и прибавила противправна имотна корист за наведените лица, а со тоа го оштетила буџетот на Република Северна Македонија. Овој чекор претставува потврда на заложбите на ДКСК за борба против корупцијата и утврдување на одговорноста на сите лица што се инволвирани во прекршување на законите“, информимраа од ДКСК.
Комисијата ќе продолжи да го следи развојот на овој случај и јавноста ќе биде информирана за сите значајни информации.
ДКСК апелира до сите институции и граѓани да соработуваат во откривањето и спречувањето на корупцијата за заедно да создадеме праведна иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…
Брутален руски напад на Киев – најмалку…
Најмалку 15 лица се убиени, а 114…