Комисија од пет лекари специјалисти ќе утврдуваат дали имало пропуст во случајот со малата Јана од Битола

t

Комисија составена од петмина доктори специјалисти, детски ендокринолог, пулмолог, кардиолог, хематоонколог и анестезиолог, иницирана од Министерот за здравство, што треба да утврди дали имало или не лекарска грешка при третманот на петгодишната Јана од битолско Кравари што почина во четвртокот, влезе во битолската болница. Ова за Канал тв го потвррдил директорот на Клиниката во Битола, Александар Обедниковски.

Оттаму велат дека од МЗне прецизираат колку време ќе им треба за лекарите да направат извештај од нивниот надзор, што следи по контролата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој не утврди нерегуларности од неговата надлежност.

Додека се уште се чекаат резултатите од обдукцијата, таткото на Јана, Стојче Христовски (36) вели дека се сомнева во постапувањата на институциите и уверен е дека Јана починала од лекарска грешка, но не верува дека тоа ќе се докаже, дури ни со обдукцијата.

„Во фамилијата немаме луѓе со никакви заболувања, да речам, со срце да имаат мака, со шеќер, со таква работа. Ја контактирав матичната, вика, тврдам, јас стојам зад Вас, дека чупето беше здраво и право, повеќе од колку што треба. Сите прегледи се поминати, вакцини, што требаше да се примат, сè си имаше примено. Значи, си беше се во ред. Слушалките, докторите што наслушуваат, срценцето и на нив може да се наслуша дали е во ред или не е во ред, на мало дете, ако имаше проблем со тоа. Дали Ви го доставија извештајот од судска медицина…? Не, ништо немаат ни кажана, ни доставено, ниту пак се надевам на обдукција“ изјавил Христовски за Канал 5.

Утре од 19 часот под слоганот „Правда за Јана“, на битолскиот плоштад „Магнолија“ е најавен протест со кој ќе се побара правда, реформи и оставки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Земјотрес ја стресе Македонија утринава

Земјотрес утрово е регистриран во Македонија. Според…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Тажна вест: Планинар од Скопје починал на…

Од Регионалниот ЦУК Битола и од Министерството…

Рама во Битола ќе го прославува Денот…

Албанскиот премиер Еди Рама, во вторник доаѓа…