,,Комитите” упатија благодарност до Општина Карпош што ја препозна енергијата, добрата визија и се вклучи во одбрана на гордоста на Скопје и Македонија

t

,,Иако преодниот рок за фудбалскиот пазар сеуште не е започнат, ФК Вардар сериозно се засилува на раководните позиции. Управниот Одбор на клубот добива расни “голгетери” со искуство, и со предходни професионални и спортски успеси запишани во нивното портфолио и CV.

Благодарност до Општина Карпош, што ја препозна енергијата, и по презентирањето на визијата за новиот Вардар, се вклучија веднаш без многу размислување, во одбрана на гордоста на Скопје и Македонија.

Не се сомневаме дека Вардар со Карпош, каде што воедно е и неговото моментално (привремено) седиште, додека не се вратиме официјално на Градски Стадион, ќе биде вистинска додадена вредност, која ќе му ја потврди автентичната скопска приказна на најголемиот спортски бренд во Македонија и регионот.

Заедно за Скопската урбана приказна, наречена Вардар, заедно за она што не сплотува како Македонци” , стои во објавата oд претставниците на ,,Комитите”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…

Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…

Путин: Влегувањето на европски војници на украинска…

Влегувањето на европски војници на украинска територија…

Бела куќа: Руски функционер ќе присуствува на…

Руски функционер ќе присуствува на состанокот на…

Тешка сообраќајка кај Стража, има жртви и…

Тешка сообраќајна несреќа се случила на патниот…

Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…

При претрес во Битола, пронајдено е оружје…