Комити приредија шоу, а Вардар му покажа кој е кој на Партизан!

t

Со голема поддршка од навивачите, РК Вардар успеа да стигне до првата победа сезонава во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните беа подобри од екипата на Партизан со резултат 31:26.

Вардар во текот на целото прво полувреме беше во предност, која во еден момент изнедуваше и четири гола разлика. Талески го отвори натпреварот со гол, додека Манасков во 7 минута донесе и предност од два гола, но екипата на Партизан по 9 минути игра успеа да го израмни резултатот на 4:4. Во овој период по четири одбрани на голот имаа Томовски и Трнавац. Талески беше расположен за игра со својот трет гол од исто толку обиди донесе водство од 7:5. Игравме брзо во нападот, додека тренерот Недановски ротираше со составот на теренот. Благодарение на петтата одбрана на Томовски, Вардар успеа да поведе со 12:8 во 19 минута откако противничката мрежа ја затресе Манасков. Истата разлика ја имавме и во 24 минута кога Талески погоди за 14:10, но до крајот на првиот дел тимот од Белрад се избори за преполовување на негативата, на одмор се замина со резултат 16:14. Голема поддршка имаше Вардар од своите Комити кои во текот на целиот меч го бодреа својот миленик.

Гледавме брзо темпо на игра и во вториот дел од страна на двете екипи. Вардар не успеваше да се одлепи, а противникот успеа во 37 минута да го израмни резултатот на 19:19, по што Недановски побара минута одмор. Се играше гол за гол, но црвено-црните беа постојано во предност, а Георгиевски во 48 минута ни донесе предност од 24:21. Томовски денес беше одличен, со неговата зицер одбрана, вкупно 11 го спречи Партизан повторно да се врати во натпреварот. Полека се ближеше крајот на натпреварот, а избраниците на Недановски играа се подобро во одбраната, што им овозможи да поведат со 28:24. На крајот триумф со резултат 31:26.

Томовски одличен со 12 одбрани, додека Талески и Манасков постигнаа по 9, а Стоилов 7 голови.

Фото: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…

Трамп не се противи Кина да произведува…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…

ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…