Кондарко: Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село
Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен, гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко.
Гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село утринава беше привремено прекинато поради техничка грешка во редните броеви на носителите на советничките листи на гласачките ливчиња.
Како што истакна Кондарко, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на ДИК, денешното гласање генерално се одвива без никакви проблеми, материјалот е навреме дистрибуиран од општински изборни комисии до соодветните избирачки одбори и граѓаните непречено го остваруваат своето избирачко право.
-Досега немаме никакви приговори и забелешки од ниту една општинска изборна комисија и од ниту едно избирачко место – рече Кондарко.
Според него, податоци за излезноста засега нема, зашто гласањето трае до крајот на денот, а кога ќе заврши, ДИК ќе објави колку од пријавените лица за гласање во домашни услови и во старски домови го оствариле своето гласачко право.
-Пред завршување на гласањето, околу 16 часот, ќе објавиме пресек, а по завршување на гласањето ќе објавиме и целосен процент на излезност – рече тој.
Кондардко потсети дека не денеска, туку утре ќе бидат објавени резултатите од гласањето на овие категории лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…
Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…
Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…