Објавено на:

Конечно: Минимален пад на цената на нафтата на светските берзи

t

Цените на нафтата денеска паднаа под 125 долари, под влијание на оценката на трговците дека шокот во снабдувањето може и да не се влоши по американското ембарго на руската нафта и најавата на ИЕА за нов циклус на продажба на нафта од стратешките резерви.

Цената на барелот на лондонскиот пазар попладнето падна за 3,56 долари во однос на претходното затворање, на 124,42 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше по пониска цена за 3,99 долари, од 119,71 долар. Американскиот претседател Џо Бајден вчера објави забрана за увоз на руска нафта, но на пазарот преовладува мислењето дека овој потег веројатно нема да има големо влијание врз испораките.

– Можеби сегашниот бран на продажба беше поттикнат од сознанието дека по американската забрана за увоз на руска нафта, сегашниот шок во снабдувањето можеби и нема да биде полош отколку што беше досега, шпекулира Тамаш Варга од PVM.

Според американската влада, САД во 2021 година во просек увезувале повеќе од 20,4 милиони барели сурова нафта и деривати месечно од Русија, што одговара на околу осум отсто од увозот на гориво во САД.

– Теоретски, САД би можеле дури и да ги компензираат резервите на руска нафта со сопствено производство, напиша Карстен Фрич од Комерцбанк во извештај.

Велика Британија, исто така, вчера објави дека постепено ќе престане да увезува нафта од Русија. ЏејПи Морган проценува дека околу 70 отсто од руската нафта транспортирана по морски пат во моментов не наоѓа купувач.

На почетокот на оваа недела, руската инвазија врз Украина накусо ја зголеми цената на нафтата во Лондон на 139 долари.

Трговците шпекулираат дека влијание врз цените денеска имаат и медиумските извештаи дека Украина повеќе не бара членство во НАТО.

– Тоа веројатно исто така играше улога, рече Варга од PVM.

Пазарот се надева и на враќање на иранските барели. Техеран со месеци преговара со западните сили за оживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Главниот ирански преговарач денеска се врати во Виена за да ги продолжи разговорите. Некои назнаки упатуваат на заклучокот дека на пазарот сè уште има доволно нафта. Така, залихите во САД се зголемија за 2,8 милиони барели минатата недела, според пазарни извори кои се повикуваат на податоци од индустриската групација на Американскиот институт за нафта, објавени во вторник. Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на денот. Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) утрово објави дека барел нафтена кошничка на нејзините членови вчера чинела 127,93 долари, што значи дека поскапела за 1,42 долари од претходниот ден на тргување. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Цената на златото и понатаму расте, благ…

Во најголем пад денеска се европските и…

Цената на златото руши рекорди

Рекордно висока цена има златото. Сега цената…

Пораснаа цените на нафтата на светските берзи

На лондонската берза цената на барелот за…

(Видео) Серија напади врз руски региони: Горат…

Единиците за противвоздушна одбрана пресретнале 35 украински…