Конечно мирен ден: Училиштата без дојави за бомби денеска

t

За првпат по 6 месеци речиси секојдневни закани со бомби, денеска здивнаа учениците и наставниците во основните и средните училишта. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека во последните денови заканите за бомби доаѓаат од мејлови испратени од адреси во Иран и Русија, додека плаќањата за услугите се врши со криптовалути, што го отежнува пронаоѓањето на заканувачите. Министерот Спасовски додаде дека дојавите за бомби најчесто се од малолетници, но нема да се соопштуваат детали додека не се обезбедат докази.

„Интензивно работиме на откривање на сторителите. Некои случаи се решени. Сега имаме случаи на изолиран кластер и се работи на случајот. Не станува збор за закани кои се случуваат само кај нас, истото се случува и во земјите од регионот. Изминативе денови се праќаа мејлови од адреси во Иран и Русија, додека плаќањата за VPN услугите се вршеа со криптовалути, што го отежнува пронаоѓањето на сторителите“,рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Спасовски додаде дека наставниот процес нема да биде прекинат. Според него, со новото веќе одобрено упатство се проценува ризикот, но без да се наруши образовниот процес во училиштата. Заканите со бомби започнаа во октомври минатата година во кои беа опфатени десетици основни и средни училишта и предизвикаа огромни загуби во процесот на учење. Освен во училиштата, лажни закани за бомби имало и во различни институции и трговски центри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во сериозна неизвеност се доведени исплатата…

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска…

Силна експлозија на бомба во Атина, била…

Силна експлозија се случи во текот на…

Дојави за бомби во училишта во Белград

Утрово нови анонимни извештаи за поставени бомби…

Експлозија на рачна граната во северниот дел…

Во раните утрински часови во северниот дел…

Општина Карпош крева глас против врсничкото насилство…

Работилниците против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“…