Координаторот на пратеничката група на СДСМ: Предвремени избори нема да има
Пред нас е период во кој што пратениците, а особено оние од ВМРО-ДПМНЕ треба да размислат во кој правец ќе ги носат одлуките, односно во кој правец ќе ја носат државата со своите одлуки, порача пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во емисијата „10 минути” на Телевизија 21.
Осврнувајќи се на работата на парламентарното мнозинство, Митрески рече дека тоа е стабилно, а реториката на Христијан Мицкоски е само за внатрепартиски цели за да го држи членството во заблуда.
„Тоа прашање цело време го отвора Мицкоски еве веќе три години, од конститутивната седница па наваму, тврди дека овој парламентарен состав нема да трае долго, дека ќе следуваат брзи избори, па најавуваше ново мнозинство, па распуштање на Собранието. Таа реторика ја користат исклучиво за внатрепартиски цели, и тоа, во период од три години постојано се демантира. Еве и јас го демантирам денеска, предвремени избори нема да се случат, нема да има ново мнозинство, нема да има намалување на актуелното мнозинство, мнозинството може евентуално да расте”, порача Мицкоски додавајќи дека вратата е отворена за сите политички партии кои се за европскиот пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…