Косовската полиција заплени воена опрема на северот од државата
Косовската полиција соопшти дека запленила оружје и воена опрема во северно Косово, во областа населена со мнозинско српско население, поточно во Северна Митровица, за кои смета дека би можеле да бидат употребени против припадниците на безбедносните сили или против граѓаните.
Во соопштението се вели дека првично утрово е добиена информација дека пред средното техничко училиште во населбата „Бошњачко маало“ во Северна Митровица било „скриено оружје кое може да ги загрози животите на граѓаните или да претставува потенцијален ризик за нивна употреба против полициските службеници како и попречување во извршувањето на законските должности“.
„Надлежните полициски единици по релевантни сознанија добиени од граѓаните презедоа итни истражни и оперативни дејствија за случајот … извршија контролна акција и таму открија: импровизирана бодликава жица („ежови“), димни бомби, муниција и една униформа“, се наведува во соопштението, во кое се нагласува дека „униформата пронајдена денеска е слична на оние што ги користеше терористичката група во Бањска во септември годинава“.
Косовската полиција порача дека со свои службеници и во соработка со граѓаните континуирано е посветена и со професионализам работи на одржување на редот и гарантирање на општата безбедност на целата територија на државата, додека „активни ангажмани на граничните органи се спроведуваат и за што поефикасно управување и контрола на државната граница“.
„И натаму продолжуваат оперативните полициски акции на терен со цел да се идентификуваат други сомнителни средства и да се спречи загрозување на граѓаните или каков било напад врз косовската полиција која работи на одржување на редот и гарантирање на безбедноста“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Дали поранешен советник на Заев е вмешан…
Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…