Костадинов објави: Можно е да се кандидирам како независен кандидат за градоначалник, но одлуката не е конечна
Можно е да се кандидирам како независен кандидат за градоначалник, но оваа одлука не е конечна, објави на Фејсбук струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов откако вчера СДСМ реши за кандидат за градоначалник на Струмица да го предложи Марјан Даскаловски. Почитувани пријатели,
секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање:
„Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“
Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток.
Но ова не е одлука за слава, туку одговорност пред сите вас.
Затоа сега е време за многу трпение, мудрост и длабоко размислување.
Не сакам со ништо да им наштетам на моите другари –
на луѓето со кои го делев и доброто и тешкото.
Но не можам да молчам пред оваа енергија што ја чувствувам од граѓаните.
Веќе разговарам со многумина –
со народот на терен,
со граѓански здруженија,
со партии,
со чесни социјалдемократи и квалитетни луѓе кои тешко дека ќе се најдат на новите советнички советнички листи.
Да, сѐ е возможно.
Но потребно ми е време.
Одлуката ќе ја соопштам јавно,
за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна.
Зашто кога одговараш пред народот –
мораш да бидеш подготвен не само да победиш,
туку и да ја носиш победата со чест.
До тогаш, продолжуваме со народот, со идејата, со Струмица.
Благодарам за големата доверба и барам максимално трпение од ваша страна. – напиша Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…
Се додека не се зголемат откупните цени…
Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…
Македонски ученици го освоија првото место на…
Македонски ученици го освоија првото место на…
Алиу: Болницата во Струмица е дел од…
Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф…
„Дали сакаш да те убијам?“ – УЧЕНИК…
„Дали сакаш да те убијам?“ - вака…