Објавено на:

Костадинов одби средба со Кочоска: Сами си ги решивме проблемите, задоцнивте со сѐ за Струмица!

t

Струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, одбил средба со министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска бидејќи, како што вели, Министерството задоцнило со сите проекти за Струмица.

– По јавната реакција на струмичани за намерното недавање на согласност за вработување на негувателки и воспитувачи во градинките во Струмица, средба со мене побара министерката за финансии Гордана Димитриевска – Кочовска.

Средбата ја одбив, од неколку причини:

Првата причина е тоа што се бараше на средбата да одам само јас, а таму да дојдат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таква нетранспарентна средба не прифаќам. Или е тет-а-тет или сите заедно. Моделот на средби со “шушкање” не го прифаќам.

Втората причина поради која ја одбив средбата е непрофесионализмот на Министерството. Имено, со месеци не ни е исплатен повратот на ДДВ на јавното претпријатие за транспорт во Струмица со цел истото да биде блокирано, струмичани да немаат јавен превоз а ВМРО-ДПМНЕ да има тема за политичко лешинарство. Иако во повеќе наврати повикував, немаше слух од надлежната министерка се додека не видоа некоја политичка придобивка за нив од остварување на средба.

Јас немам намера да бидам инструмент на нивниот ПР.

Трето, ние проблемот со недостаток на кадар во градинките во Струмица си го решивме сами. Сега нема зошто да се гледаме, задоцнивте како што доцните и со довршувањето на регионалниот пат кај Дабиле кон Бугарската граница.

Доцните и со компјутерска томографија во Струмичката болница.

Доцните и со проектите ветени за Струмица.

Доцните со правдата, а често и ја опструирате. – напиша Костадинов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвореник избегал на пауза од судење во…

Затвореник од затворот во Штип во текот…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

Се додека не се зголемат откупните цени…

Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Алиу: Болницата во Струмица е дел од…

Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф…