Објавено на:

Костадинов: Разрешен директорот на училиштетво во кое наставник полово злоставувал дете

t

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, го разреши директорот на училиштето од Струмица во кое наставник е осомничен за полов напад врз дете, а Основниот суд во Струмица на барање на ОЈО Струмица му одреди мерка притвор на наставникот во траење од 30 дена.

Костадинов ја објави одлуката на Фејсбук, каде напиша дека е згрозен од наводите за наставникот во струмичко училиште кој недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете

– Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените. Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето. Ова нека биде опомена за сите. Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители, напиша градоначалникот Костадинов.

Од Основното јавно обвинителство во Струмица денеска соопштија дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело-полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.

-Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената, стои во соопштението на ОЈО Струмица. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворски полицаец од Струмица однел затвореник да…

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Р.М.(42)…

Дејли Мејл: Борис Џонсон размислувал за воен…

Екс-премиерот беше кажано дека е „збеснат“ откако…

Се огласија Xyтите по нападот на американски…

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, Хутите…

Пентагон: Американски воен брод и повеќе комерцијални…

Пентагон се огласи откако претходно денеска, и…

Струмица вечерва е најзагаден град во Европа!

Струмица вечерва е најзагаден град во Европа,…