Костадинов: Струмица го има првиот Шелтер за загрижување на жртви на семејно насилство – добра практика и единствен таков пример во државата!

t

Општина Струмица го има првиот Шелтер центар за згрижување на жртви на семејно насилство кој се потврди како добра практика и единствен таков пример во државата, објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– На денешната средба со претставниците на Здружението „Скај Плус“ кое е партнер во реализацијата на овој проект, разговаравме за работата на Центарот, а ме информираа дека во минатите 5 години колку што постои, тој им помогнал на околу 100 жени и 50 деца.

Покрај просторните услови, општина Струмица секоја година обезбедува и финансиска поддршка за негово функционирање и згрижување на жртвите.

Поддршката од еден милион денари планирани буџетски средства ќе продолжи и годинава со обновувањето на лиценцата и со надеж дека бројот на жртвите на семејно насилство ќе се намалува, а свеста за неговите последици ќе расте.

Шелтер центарот за згрижување на жртви на семејно насилство е само една алка во низата на социјални услуги коишто ги спроведува и поддржува општина Струмица, а кои ја ставаат на врвот меѓу сите општини во државата. – објави Костадинов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвореник избегал на пауза од судење во…

Затвореник од затворот во Штип во текот…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

Се додека не се зголемат откупните цени…

Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Македонски ученици го освоија првото место на…