Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажува очајни резултати на поле на економија, посочува потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Кристина Костова, во интервју за порталот Фронтлајн.
Костова додава дека Владата покажува тотална негрижа за животниот стандард на граѓаните, а економијата тоне.
„Тоа е највидливата слабост на долгиот список нивни недостатоци. Народот тоне во сиромаштија, не се исплаќаат плати навреме, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 500 евра, што е минимум за пристоен живот“, вели Костова.
Притоа, таа потенцира дека додека граѓаните тонат во сиромаштија, а економските параметри одат надолу, Владата се луксузира со народни пари, со прескапи посети во странство од кои нема никаков видлив придонес во надворешната политика.
„Додека индустриското производство и извозот паѓаат, а цените на режиските трошоци се качуваат, додека странските инвестиции си заминуваат, а проекциите на Светска банка покажуваат најнизок економски раст во регионов, Владата на ДПМНЕ и Мицкоски троши народни пари за да се луксузира со егзотични производи како манго и папаја, но и на прескапи екскурзии во САД и Јапонија. Од народни пари шетаат, летаат во бизнис класа и престојуваат во прескапи хотели. Шетаат само за да се прошетаат, а нема никаков видлив придонес на надворешен план од нивните екскурзии“, вели Костова.
Во интервјуто Костова истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е влада со најслаб старт и најмногу скандали во толку краток период.
“Внатрешните проблеми се рефлексија на лошите резултати и лошиот перформанс на целата влада, која повеќе се занимава сама со себе, а не испорачува“, порача потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…