Костовски: Мицкоски ја оправдува блокадата од Бугарија, неговата агенда не е македонска
„Со своите последни изјави Христијан Мицкоски како да ја оправдува досегашната блокада од Бугарија. Мицкоски под заложништво на Димитар Апасиев прави сè за да ја оддалечи државата од ЕУ. Мицкоски треба да знае дека нема европска и македонска агенда, европската агенда е и македонска агенда, стратешка определба на огромното мнозинство македонски граѓани“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.
Тој напомена дека „секој што сака да ја извади Македонија од европската агенда одработува за туѓи интереси и не им мисли добро на граѓаните“.
„Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ, работи и против македонскиот јазик во ЕУ, работи против повисок економски стандард, пристап до нови фондови и повеќе можности за граѓаните. Мицкоски и ДПМНЕ со своите изјави и постапки, го прават токму тоа. Еднаш велат дека се потребни уставни измени, потоа се против, потоа велат дека се на европскиот пат, за веднаш потоа кажат дека имале поинаква агенда од европската агенда, што е стратешка определба на македонското општество“ рече Костовски.
Пратеникот потенцираше дека „уставните измени се последната шанса, Мицкоски и ДПМНЕ да се престројат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина се за членство на државата во ЕУ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…