Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000 евра за 4 дена снег

t

Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000 евра за 4 дена снег, велат од политичката партија Левица.

Фирмата „Анизор Дооел Скопје” има склучено Договор за зимско одржување на локалните улици и патишта на територија на општина Бутел за зимската сезона 2022/2023 година со вредност на договорот од 4 720 000 денари (76 748 евра).

Во зимската сезона на територија на општина Бутел, мали снежни наноси имало еднаш, а снежна покривка не поголема од 3 см, не се задржала повеќе од 4 дена.

И покрај ова, согласно Годишниот извештај на Општина Бутел, посочената фирма на локалните улици во Бутел истурила неверојатни 94 тони индустриска сол како абразивно средство за што се потрошени 1 642 676 денари (26 700 евра).

Го прашуваме градоначалникот Костовски од редовите на ДПМНЕ:
Како е можно општина Бутел за 4 дена при многу благи снежни наноси да потроши повеќе од 1/3 од предвидениот буџет за одржување на локалните улици во зимски услови?

Воедно, ги потсетуваме жителите на општина Бутел дека Општината го има формирано ЈКП „Бутел”.

Општина Бутел со истата фирма има склучено Договор за зимско одржување на локалните улици и патишта во општината за сезоната 2023/2024 год., а Фирмата „Анизор Дооел Скопје” е омилена фирма и на градоначалниците на Општина Ѓорче Петров (65 041 евра), Кисела Вода (48 780 евра), Карпош (97 561 евра) и Центар (116 098 евра). 

Левица во континуитет ќе ја следи општинската администрација и ќе ги информира жителите на Бутел за сите можни злоупотреби на нивните пари.

Левица се бори против расипничкото работење на криминогените партии од триото ДПМНЕ-ДУИ-СДС, кои јавните претпријатија ги користат само за партиски услуги, а јавните услуги ги вршат приватни компании блиски до нив и го цедат буџетот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата на Апасиев: Ако те плукаат СДС,…

Ако те плукаат СДС, ДПМНЕ, Алијанса и…

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

(Видео) Полноќна бонбона математика со Амар Мециновиќ:…

Полноќна БОНБОНА математика со Амар Мециновиќ, носител…

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…