Костовски: Сега е време за градење на вредносни коалиции

t

„СДСМ уште пред Нова година на седница на Централниот одбор повика на формирање на Европски Фронт, истакна вечерва Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Моментот за градење на вредносни коалиции е токму сега, 2024 година. Во Европски фронт ќе бидат политички партии кои што делат исти вредности, Европска Унија, НАТО, забрзување на европскиот пат, повисоки плати, пензии, младите да останат да живеат тука, дома. Се надевам дека нема да бидат смо политички партии , ќе бидат определени здруженија, групации на граѓани, поединци докажани во сферата во која работат и навистина ќе имаат граѓаните јасен избор помеѓу она што значи брза инетеграција кон Европа и од друга страна ДПМНЕ осамено бидејќи го знаете коалициониот капацитет на Мицкоски , се скара со сите што можеше да се скара,“ порача пратеникот од СДСМ Мартин Костовски.

Тој истакна дека не сака во 21 век, во 2024 година да се враќа на политики кои се рецидиви од минатото и каде што ќе се зборува кој е поголем Албанец, а кој поголем Македонец. Притоа посочи дека треба да се избере човек, претседател, влада, кои што нема да ги дели Македонците од Албанците, Србите, Ромите, Власите и сите кои живеат државата.

„Нас ни треба визионер, човек, со кој ќе се надминат национално- шовинистичките изјави,“ порача Костовски.

Тој посочи дека не е јасно зошто Мицкоски ја проблематизира техничката влада бидејќи таа е законска обврска, како и дека ДПМНЕ повтормо се покажале како партија која нема програмска определба, немаат ни кадровски потенцијал.

„Да си личен пријател на Христијан Мицкоски, да си поранешен функционер во Град Скопје со рачиња во медот, или да си некој реликт или оставштина од времето на Никола Груевски. Исти имиња , исти презимиња, ништо ново,ништо не е сменето,“ посочи Костовски во врска со кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада.

СДСМ за разлика од нив, додаде Костовски, предложи кадри кои што се стручни и посветени и веруваме во нив.

Тој се осврна на коалицискиот договор со ДУИ, за 100 дена простор да биде премиер од страна на ДУИ.

Притоа посочи дека токму тоа зборува за СДСМ за почитувањето на коалиционите партнери. Тоа е широчината на СДСМ, и повторно тука е изразен концептот едно општество за сите, без разлика дали ќе биде Турчин, Ром, Влав, Албанец, Македонец итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ очекува нова влада до средина на…

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој…

(Видео) Атанасовски: На СДСМ ѝ треба лидер…

СДСМ треба да најде профил на човек…

Атанасовски: Овие пратеници на СДСМ не можат…

Една од кардиналните грешки на СДСМ е…

(Видео) Атанасовски во „Тешки муабети“: Црвенковски го…

Ако одиме во теорија на заговор, велат…

(Видео) Атанасовски: Пендаровски потона поради лошиот сентимент…

Најоптималните анкети пред изборите беа 53 пратеници…