„Кочани, Кочани“ ечеше на стадионот во Лихтенштајн во 59. минута
Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Лихтенштајн со 3-0 на гостински терен во Вадуз во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Нашите најдобри македонски фудбалери поведеа со голот на Александар Трајковски во седмата минута, а Висар Муслиу го зголеми водството со гол во 42. минута. Конечниот резултат го постави Бојан Миовски со гол во 84. минута.
Во еден дел од мечот, поточно во 59-тата минута, целиот стадион „Рејнпарк“ скандираше „Кочани, Кочани“, во спомен на 59-те загинати во тешката трагедија во кочанската дискотека „Пулс“. На трибините имаше повеќе илјади Македонци од околните европски земји.
Ова беше прв натпревар од групата Ј во која се уште Белгија, Казахстан и Велс.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во Канада, Мексико и САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…