Кошта: Иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија e во ЕУ, време е да ги исполниме ветувањата
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска изјави дека „нема сомнеж“ оти иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ и рече дека е време Унијата да ги исполни своите ветувања кон овие земји, исто како што тие ги исполнуваат нивните.
Во своето обраќање пред пратениците во Европскиот парламент, Кошта истакна дека проширувањето на ЕУ е една од главните пораки на состанокот одржан на 19 декември и дека ЕУ е целосно посветена на проширувањето како најголема геополитичка инвестиција за мирот и безбедноста на европскиот народ и континент.
„Шестте земји од Западен Балкан, Украина и Молдавија работат напорно за да ги исполнат своите обврски. Нема сомнеж дека иднината на овие земји е во нашата заедница. Време е да ги исполниме нашите ветувања како што тие ги исполнуваат своите“, рече Кошта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…
Европската комисија претстави нови насоки со кои…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…