Објавено на:

Кошта: Никој не може да ги уценува институциите на ЕУ

t

Никој не може да ги уценува институциите на ЕУ, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференција по завршувањето на состанокот на европските лидери во Брисел, на кој Унгарија потврди дека го задржува правото на вето за одлуките поврзани со заемот за Украина, пристапните преговори со Киев и воведувањето дополнителни санкции против Русија.

Кошта истакна дека лидерите на ЕУ јасно го осудија ставот на унгарскиот премиер Виктор Орбан и инсистираше дека сите мора да си го одржат зборот. Коста го даде коментарот во врска со инсистирањето на Орбан прво да се обноват испораките на нафта од Русија до Унгарија преку Украина преку нафтоводот Дружба.

„Не е гест на добра волја кога на ЕУ ѝ се даваат невозможни услови. Само Русија може да одлучи дали повторно да го нападне нафтоводот. Русија веќе 23 пати пукаше врз овој објект. Украина и ЕУ не се одговорни. Дејствијата на Унгарија се целосно неприфатливи. Лидерите јасно го осудија однесувањето на Унгарија по ова прашање“, рече Кошта.

Според него, украинскиот претседател Володимир Зеленски ветил дека ќе го обнови цевководот во следните шест недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…