Кој е генерал Герасимов, новиот командант на руските сили во Украина?

t

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера го назначи началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за врховен командант на руските сили во Украина, што е последен во низата потези за реорганизација на руското воено раководство.

Шојгу го назначи Герасимов за командант на здружените сили за специјални воени операции во Украина, соопшти Министерството.

Во октомври, Русија го назначи Сергеј Суровикин, наречен генерал Армагедон поради неговата наводна немилосрдност, за врховен командант на фронтот, кој сега ќе биде заменик на Герасимов. Оваа промена треба да придонесе за зголемување на ефикасноста на воените операции во Украина, кои траат повеќе од десет месеци.

Герасимов и Шојгу се мета на критики од руските блогери кои се залагаат за ескалација на војната во Украина бидејќи ги обвинуваат за неуспехот на фронтот.

Во моментов се водат жестоки битки за освојување на Соледар, град на истокот на Украина кој е клучен за напредување на руските сили и заземање на целиот Донбас. Се чини дека руските сили зајакнуваат, пишува Ројтерс.

Ова значително не ја менува бирократската хиерархија. Суровикин претходно му бил подреден на Герасимов.

„Се префрлаат генерали, од фронтот во Генералштабот и од Генералштабот на фронтот“, изјави коментаторот на руската државна телевизија Сергеј Марков.

Тој потоа додаде дека Суровикин не бил казнет со оваа промена.

„Сето тоа е една заедничка екипа, но со конкуренција која секогаш е меѓу најдобрите“, додаде коментаторот.

Сепак, последната одлука го става Герасимов, кој е врховен командант на руската армија повеќе од една деценија, поблиску до надгледување на рускиот напад врз Украина, но и до поголема одговорност, пишува Си-Ен-Ен.

Иако Герасимов беше познат како клучна фигура во планирањето на нападот, тој веќе некое време не е целосно вклучен во тоа, со само една снимена посета на командното место, што не беше потврдено од руското Министерство за одбрана.

Нова структура

Марк Галеоти, виш соработник на британскиот Кралски институт, рече дека „тоа е еден вид деградирање за Герасимов, или барем исклучително тешка и непожелна ситуација“.

„Сега сè зависи од него и се сомневам дека Путин повторно има нереални очекувања“, рече Галеоти.

Герасимов не се појавуваше на телевизија со недели и не беше виден на парадата на Денот на победата во Москва минатата година, што доведе до шпекулации во тоа време за неговата позиција во руската војска.

Тогаш многу медиуми објавија дека тој бил ранет на фронтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…

Метео: Сончево и топло со услови за…

Сончево и топло со мала до умерена…

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…

Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…