Објавено на:

Кој е на масата а кој на менито? Пекинг со четири прашања за САД за кинеско-американските односи

t

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, коментирајќи ги кинеско-американските односи, ги повика САД рационално да се соочат со развојот на Кина и да ги исполнат претходните обврски, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Кинескиот министер му постави и четири прашања на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој неодамна, на панел дискусија на Минхенската безбедносна конференција (MSC), ја даде следната изјава во врска со односите меѓу САД и Кина:

 „Ако не сте на маса во меѓународниот систем, тогаш сигурно ќе се најдете на менито“, рекол Блинкен.

Како што пишува „Глобал тајмс“, оваа изјава на Блинкен, кој е шеф на дипломатијата на една суперсила, всушност открива каков поглед на светот, во кој слабите секогаш се жртви на силните, преовладува во Вашингтон, т.е. , во водечките кругови на САД.

Првото прашање што кинескиот министер му го постави на Блинкен беше: „Ако САД велат едно, а прават друго, што е со нивниот кредибилитет како голема земја? Со други зборови, кој сè уште може да им верува на САД.

Освен тоа, продолжи министерот, ако Американците се вознемируваат штом некој ќе ја спомне Кина, што е со американската самодоверба?

Ванг Ји, исто така, истакна дека САД го негираат легитимниот развој на другите земји, но сакаат самите да напредуваат. Тогаш што е со меѓународната правда, праша министерот.

Четвртото прашање што му го постави на Блинкен шефот на кинеската дипломатија е што е правичност во конкуренцијата, бидејќи САД се обидуваат да ги монополизираат вредностите, при што Вашингтон секогаш се гледа себеси на врвот, додека пак Кина ја гледа на дното.

Без оглед на тоа како се развива меѓународната ситуација, Кина секогаш ја поддржувала стабилноста и континуитетот на нејзината политика кон САД, додаде Ванг, истакнувајќи дека во кинеско-американските односи Кина секогаш се однесувала одговорно кон историјата и кон народите од целиот свет.

Три кинески принципи на меѓународни односи

Како што подвлече Ванг, односот на Кина кон САД се заснова на трите принципи предложени од кинескиот претседател Си Џинпинг, а тоа се „взаемно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни“.

Овие принципи се засноваат на искуствата од повеќе од 50 години историја на кинеско-американските односи и го претставуваат единствениот вистински пат за развој на кинеско-американските односи, додава шефот на кинеската дипломатија додавајќи и дека двете земји, треба да ги прифатат и да дејствуваат во согласност со нив.

Меѓусебното почитување вклучува почитување и прифаќање на разликите во општествените и политичките системи. Основата е мирниот соживот, рече кинескиот министер, бидејќи конфликтот и конфронтацијата меѓу двете големи земји може да има несогледливи последици. Целта е соработка која на крајот ќе им користи на сите.

Како што истакна Ванг, по состанокот на лидерите на двете земји во Сан Франциско во ноември 2023 година, навистина има одреден напредок во односите меѓу Кина и САД, што е усогласено со желбите и интересите на луѓето од двете земји и светот , рече Ванг.

Меѓутоа, сега повторно се шират заблуди на Американците за Кина, а обврските што САД ги презедоа не се исполнети. предупредува предупреди кој додаде и дека средствата за потиснување на Кина постојано се иновираат, а списокот на еднострани санкции се проширува, достигнувајќи незамисливи нивоа.

„Ги повикуваме САД објективно и рационално да го набљудуваат развојот на Кина, активно и прагматично да се вклучат во размената со Кина и да ги исполнат своите обврски“, рече кинескиот министер.

Како одговор на изјавата на државниот секретар Ентони Блинкен за оние на масата и оние на менито, Ванг рече дека земјите не треба да се категоризираат според нивната сила: „Оние со поголема тупаница не треба да го имаат последниот збор“. За Кина е целосно неприфатливо, додаде тој, некои земји да мора да седнат на маса, а други да се најдат само на менито.

„Мултиполарноста не значи создавање блокови“, изјави Ванг Ји, „фрагментација или хаос“. Сите земји мора да дејствуваат во рамките на меѓународниот систем, во чиј центар се ОН“.

Најголемиот предизвик за САД доаѓа од самите САД, а не од Кина, заклучи кинескиот министер. Ако САД се опседнати со потиснување на Кина, на крајот сами ќе се потиснат и ќе си наштетат, предупреди Ванг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Вучиќ: Ни пристигнаа возовите од Кина!

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека возовите…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Маск во ненајавена посета на Кина

Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната…

Бајден е најмалку популарниот американски претседател во…

Според резултатите од последното истражување на јавното…