„Кој е следен“: Упадот во редакцијата и новинарите на „Инфомакс“ е напад на целата јавност и на демократијата
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари и политички партии и граѓански здруженија излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.
Граѓанското здружение „Кој е следен“ излезе со осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“
„Нападот врз редакцијата на Инфомакс не е изолиран инцидент, туку логична последица на долгогодишната политика на омаловажување, дискредитација и омраза кон неистомислениците што ја практикува овој систем. Медиумите се столбот на демократијата и слободата, па така секој физички напад, како овој врз Инфомакс, или онлајн координираните напади врз Слободен печат, претставуваат директен удар врз нашето право на информирање, мисла и слобода на изразување.
Упадот во редакцијата и новинарите на Инфомакс е напад на целата јавност и на демократијата. Како иницијатива даваме целосна поддршка на целиот тим на Инфомакс, Слободен печат и сите медиуми со кои безброј пати оваа година чекоревме по истите улици во борбата за правда.“
„Независните и слободоумни медиуми се нашите најголеми сојузници и поддржувачи во борбата за вистината.“
Од граѓанското движење апелираат, реториката на омраза да престане, a институциите ефикасно да ја заштитат слободата на медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Митовски за Инфомакс: Отворање на рудникот…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Левица: Државна лотарија како мегафон на власта
„Злоупотребите на Државна лотарија продолжуваат и под…
(Во живо) Трендафилов: Годинава веројатно ќе започне…
Состојбата не е ни малку добра за…
Условена казна затвор од 5 години за…
Судот постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО…
ОЈО за Инфомакс: Нема да има потреба…
Нема да има никаква потреба од нова…