Кој и го изгасна светлото на правдата во Македонија?

t

Поради неплатени долгови кон ЕВН вчера Македонската опера и балет, или по ново Национална опера и балет, остана без напјување со електрична енергија. Згаснаа светлата, а балетаните останаа без работа. Љубителите на балетот пак, ќе си ги рефундираат билетите за претставите, а балет и претстави останува да гледаат пред малите екрани.

А, зошто да не. Има ли подобра претстава во МОБ од претставата која секојдневно ни ја приредуваат нашите властодршци, а? -Секако дека има. Само погледнете ги балетаните во ликот на јавни обвинители, судии, правобранители, стручни соработници, адвокати…секојдневно глумат вчудоневидени од рекордно ниската доверба на граѓаните во нивната професија, во правосудниот систем, во обвинителите и судиите.

Но, да ја резимираме последната претстава – „Суспензија на право, кога се чепка владин рекетар“ – мислам на суспензијата на шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која очигледно го расчепка осилото на владината рекетарска банда.

Оние кои навистина се загрижени за реалната состојба на правната држава во земјава, речиси едногласно се против скандалозната, и прва од овој вид, одлука на Советот на Јавни обвинители. Јовевски е речиси прогласен за „космодиск“ обвинител, кој својата кичма ја става под чизмата на политиката.

– Ваквиот судир помеѓу две клучни институции за борба против организираниот криминал и корупција е во крајна линија општествено и институционално штетен и опасе, вели адвокатот Туфегџиќ во изјава за Инфомакс.

УФП поднесе кривични пријави против обвинителите а колку што ми е познато не го искористи законското правото да ја оспори законитоста на претресот во судска постапка во делот на судската контрола на законитоста иако во јавноста изнесе низа приговори во смисла на процесни пропусти при претресот, додава тој.

– На тој начин овој судир се повеќе добива димензии на личен јавен судир кој е на штета на довербата во институциите пред се.
Зошто е заобиколен судот како единствено надлежен орган за судска контрола на законитоста на превземените дејствија при претресот, одговор треба да даде засегнатата страна. Особено поради фактот што оспорувањето на законитоста во судска постапка не го ограничува правото на странката да покрене кривична или било која друга постапка, објаснува Туфегџиќ.

На слична линија е и адвокатот Александар Тумановски, кој вели дека пораката од суспендирањето на Русковска е дека треба уште многу работа за да се врати довербата во правосудниот систем.

– Суспендирањето воопшто не е пријатна состојба за никој а посебно за јавниот обвинител на ОЈО ГОКК и тоа како внатрешна работа треба да си го реши самата обвинителска фела. Водењето на такви предмети е во опис и попис на работни задачи на секој обвинител и самата институција по закон е должна да гони секаков високопрофилен криминал и корупција, и доколку постојат грам докази тие неможат да се уништат и избришат, вели Тумановски во изјава за Инфомакс.

Пораката е дека се потребни уште многу реформи за да ги вратиме работите на право место во правосудството кое за жал уште бележи негативен тренд на опаѓање на довербата во јавноста со последните случувања, додава тој.

Адвокатот Асмир Алиспахиќ пак, смета дека суспензијата на Русковска е избрзана и дека пред оваа одлука постојат низа на други правни лекови кои можел да ги употреби Арафат Муареми, а во оваа смисла, и адвокатот Туфегџиќ укажува дека судот е единствено надлежен да оцени дали претресот бил законски, а не Советот на Јавни обвинители.

– Сметам дека можеби во овој момент е избрзана суспензијата од причина што станува збор за шеф на јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од причина што ако ги анализирате малку подобро законските претпоставки за супсензија и постапувањето на јавниот обвинител во конкретната ситуација по претставката на лице кое укажува на незаконитост околу извршениот претрес. Евентуално утврдување на незаконитости и пропусти во делот на вршењето на претресот го прави судот кој што ја издал наредбата конкретно станува збор за основниот кривичен суд, вели Алиспахиќ во изјава за Инфомакс.

Во конретната ситуацијата тоа лице има право да побара и да поднесе барање доколку смета дека се извршени пропусти во постапувањето по претресот во делот во издадената наредба во Основниот кривичен суд. Тоа е еден правен момент кој смета дека треба да се знае бидејќи јавните обвинители или во конкретната ситуација ОЈО ГОК се поднесува до основниот Кривичен суд. Основниот кривичен суд треба да одлучи дали е основано барањето или не, дали треба да ја издаде наредбата или не. Во конкретнава ситуација сметам дека тој дел правен треба да се проанализира и мислам дека секое лице доколку смета дека е неазконит и несоодветен претресот од страна на било кој јавен обвинител има соогласно законските претпоставки правна заштита пред тој надлежен суд во нашата држава, објаснува адвокатот Асмир Алиспахиќ.

Тој смета и дека суспензијата е избрзана, а ја коментира и експедитивноста со која се постапувало по ова прашање, иако, досега ова не било случај.

– Вториот момент кој сметам дека е избрзан е како експедитивно и на брз начин се прави сета оваа постапка која доведе до решение за суспензија на јавниот обвинител. Моето мислење како адвокат и правник, сметам дека требаше најпрво јавниот обвинител требапе да ги прибави сите соодветни информации од двете страни. Кога велам двете страни велам подносителот на таа претставка и ОЈО ГОК да ги земе сите писмени докази во делот на начинот како е постапувано и причините поради кои е постапувано. Од она што го прочитав и она што го увидов чинам дека од Вилма Русковска не побарано такво мислење да се изготви и достави до јавниот обвинител, заклучува Алиспахиќ.

И Алиспахиќ смета дека со ваквиот начин на притисок врз обвинителите и судиите, се испраќа порака дека секој судија или обвинител во иднина треба да подразмисли пред да отвори вакви, високопрофилни истраги.

– Апсолутно сметам дека во конкретната ситуација ОЈО ГОК беше светла точка во последниов период каде што можевме да увидиме дека навистина отвараа високопрофилни предмети каде беа осомничени или обвинети лица кои се и од претходната и од сегашната актуелна власт. Сметам дека со ваква порака секој нареден ќе си постави за прашање дали треба да продолжли со гонење на високопрофилни личности. Сметам дека секој кој што има било какво инкриминирачко дејствие за било кој предмет за било каква кривична пријава по која постапува било кое обвинителство треба да се истражи и треба да се проанализира. И доколку секако, било кој и да е ги има основи на сомневање кое би се докажало утре на суд, треба да се постапува, вели Алиспахиќ.

Во конкретната ситуација сметам дека ОЈО ГОК е на некој начин отсечено од оној кој што во последно време најмногу се трудеше во профилирањето и изработување на квалитетни обвиненија кои утре би се докажале на суд. Затоа сметам дека сега понатаму ќе имаме сериозен проблем во функционирањето на тоа јавно обвинителство. Се надевам дека ќе се уважи работата на шефицата на ОЈО ГОК и секако таа и натаму ќе продолжи да си ја врши својата работа, анализира адвокатот.

И адвокатот Игор Кичеец е согласен со неговите колеги, кои сметаат дека со оваа постапка целосно се разнишува довербата во правосудниот систем.

– Со еден збор сметам дека е разнишан целиот систем на јавното обвинителство и целото правосудство во Македонија. Овој потег за супсензија на Вилма Русковска претставува потег харикири на системот на јавното обвинителство и директно ги оневозможува постапките против актуелни крупни риби. Можам да кажам дека ако имала некои недоследности во претресот, ние како адвокати безброј пати сме реагирале и никогаш не ги зел во предвид ниту судот, ниту обвинителство. Од тука чудно е и индикативно, бидејќи за мене е смешна работа да се супсендира обвинителот затоа што превзел некои дејствија кои се сепак законоти и се во надлежност на обвинителството, особено на ОЈО ГОК. Меѓутоа морам да кажам дека иако Вилма Русковска ја познавам од почетокот на нејзината и на мојата кариера и иако сме имале бројни несогласувања околу поедини прашања и начини како се воделе постапки можам сои сигурност да кажам дека Вилма Русковска е еден од почесните обвинители на која не можете да влијаете бидејќи има висок интегритет и нема ниска точка на топење. Во тој смисол мислам дека е голема грешка што обвинителката е тргната од овие предмети, а со тоа се оневозможува и успорува расветлувањето на важни моменти и продолжувањето на некои крупни кривични постапки, вели адвокатот Игор Кичеец во изјава за Инфомакс.

Според него, оваа постапка е порака за останатите обвинители и судии да „работат под команда и да бидат послушни“.

– Пораката е бидете послушни и работете под команда. Вие она основно начело на самостојност на обвинителите ќе се запрашаат дали ќе го применуваат во пракса односно дали ќе подлежат под одредени влијанија и притисоци од повисоки обвинители од нив. За постапувањето на обвинителите има систем кој го предвидел Законот за јавно обвинителство и Законот за кривична постапка, тоа е систем на хиерахгија и субординација па доколку обвинителот сметал во конкретниот случај, републичкиот тој можел за да ја продолжи постапката да одреди друг обвинител кој ќе ја продолжи постапката, меѓутоа можел и лично да го превземе предметот во интерес на истрагата и да нема последици и опструирање на правдата. Ова е чисто опструирање на правдата од страна на самиот систем од страна на државата. Бидејќи обвинителот е државен орган и овластен тужител во кривични постапки кој работи на истраги и покренување на кривични постапки за кривични дела, смета адвокатот Кичеец.

Суспензија на обвинител е многу ретка појава, а можеби и единствена која досега се случила во Македонија, смета Кичеец.

– Ова е исклучок кој е многу редок и можеби единствен кој јас го знам. И сметам дека Русковска воопшто немаше грешка во водење на постапката. А законитоста на постапката има кој да ја цени понатаму. Што би работел друго обвинителот ако не си ја врши работата? Сметале дека е нужно и превзеле дејствија. Државниот обвинител на Република Македонија апсолутно погреши. Грешка можеби е и блага формулација, заклучува адвокатот Игор Кичеец.

И адвокатот Александар Новаковски смета дека со суспензијата се дава впечаток дека позади оваа мерка можеби постои некоја скриена позадина.

– Во нормални околности ,суспензијата е мерка за да не се влијае во постапката,по било кој основ.
Но ,во случајов актуелен, суспензијата остава впечаток за постоење на скриени позадини кои можеби и тој кој ја донел мерката ,не му се познати, вели Новаковски во изјава за Инфомакс.

Новаковски смета дека во овие постапки нема случајности, па почнувајќи од распадот на СЈО до неизбирањето на обвинители за ГОКК постои друга поаздина и намера.

– Не може да биде случајност, распадот на специјалното обвинителство, неизборот на кандидатите за обвинители во одделот за организиран криминал,дури и објаснување дека и тие што се може да ја вршат работата.Се прашувам дали има толку наивни ,кои сметаат дека се ова е редовен тек на работите.Ние имаме повеке од сериозен удар во правосудниот систем ,за кој надлежните треба да сфатат дека треба итна реакција .Несигурноста ке се почувствува уште повеке,недовербата ке се продлабочи и ке се падне во состојба од која тешко ке се излезе, објаснува Новаковски.

Правната држава ке биде уште долг период пуста желба,без реално да се почувствува.Тоа ке ги намали мотивите нa странските и домашните инвеститори да вложуваат.Многу млади ке ја напуштаат државата. На крај тоа ке се рефлектира ,а веќе и се рефлектира врз сите сфери на општествено живеење, анализира адвокатот и додава дека ако до сега некако и се пливаше во разбрануваните води кои ги разбрануваа политичко криминалните структури,сега мислам дека и пливањето ке стане тешко.На ред е да се покаже државотворен капацитет и да институциите се дадат да ги водат способни и професионални кадри, заклучува адвокатот.

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција минатата недела поднесе жалба до Советот на јавни обвинители во врска со одлуката за нејзина суспензија поради наводно незаконско постапување при вршење на претрес во просториите на директорот на Финансовата полиција.

А.Митовски
М.Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Кој и го изгасна светлото на правдата…

Поради неплатени долгови кон ЕВН вчера Македонската…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…

Директорот на Финансова пред нова година купил…

Управата за финансиска полиција пред Нова Година…