Објавено на:

Кој прави заговор во НАТО? Северна Кореја ги обвини САД дека воспоставуваат паралела азиска алијанса

t

Северна Кореја ги обвини Соединетите Американски Држави за воспоставување воена алијанса слична на НАТО во Азија, велејќи дека непоколебливата цел на САД за соборување на севернокорејската влада го принудила Пјонгјанг да развие посилна одбрана.

„Додека несовесно одржуваат заеднички воени вежби со Јапонија и Јужна Кореја, Соединетите Држави преземаат целосен чекор кон воспоставување НАТО во азиски стил“, се вели во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Станува збор за неодамнешни воени вежби спроведени од американски, јужнокорејски и јапонски сили.

Соединетите Американски Држави одржаа и вежби со јужнокорејските сили во кои учествуваше американскиот носач на авиони, првпат по повеќе од четири години, потсетува британската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…