Кој сака нека честита: Грција го тргна ветото, Албанија ги почнува преговорите со ЕУ без Македонија
На 15-ти октомври се очекува да се одржи Втора меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Темелни вредности“. Таква одлука едногласно донеле постојаните претставници на ЕУ на вчерашната средба во Брисел, вклучувајќи ја и Грција, објавија регионални и медиуми во соседна Албанија.
бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ,тврди дека Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат…
како што тврди „Еурактив“, Албанија на Меѓувладината конференција со ЕУ ќе ги отвори преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, во кој се вклучени и поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола.
Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредок на нејзиниот пат кон ЕУ, но е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успева да го направи решавачкиот чекор кон пристапувањето во ЕУ, додава „Еурактив“.
Албанија, исто како и РСМ, официјално ги отвори преговорите за членство во ЕУ во јули 2022 година, по што почна процесот на аналитички преглед на нејзината законска регулатива, познат како процес на скрининг. Но, одржувањето на Втората меѓувладина конференција, односно стартот со отворање на првото поглавје, беше доведен во прашање поради несогласување на Грција, по апсењето на Фреди Белери, етнички Грк, кој лани во мај беше избран за градоначалник на албанското приморско гратче Химара. Тој беше уапсен под обвинение за купување гласови, што тој го негираше, а и покрај изборната волја на гласачите, не му беше дозволено да положи заклетва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…