Кој сака нека честита: Македонија на 39 место по индексот на мизерија

t

Македонија се најде на 39-то место во светот според Индексот на мизерија за 2022 година, кој е 50,4 а најголем причинител е невработеноста во земјава.

Македонија се најде на 39-то место во светот според Индексот на мизерија за 2022 година, кој е 50,4 а најголем причинител е невработеноста во земјава.

Идентичен индекс има Мјанмар, а нешто помалку мизерни од нашата држава се Алжир, Нигерија, Тунис и Мавританија.

Резултатите на индексот на мизерија освен невработеноста, се однесуваат и на инфлацијата и стапките на кредитирање на банките минус годишната процентуална промена на реалниот БДП по глава на жител.

Граѓаните се согласни дека невработеноста во земјава е најголемата причина за местото на Индексот на мизерија и не се оптимисти дека тој проблем ќе се реши во блиска иднина.

„Ако ништо друго, ќе излезеш од дома и ќе разбиеш монотонија. Зависи, невработеноста некаде е висока, некаде е ниска. Во некои институции има многу, во некои нема“.

„Тоа е точно дека невработеноста ги прави луѓето несреќни. Затоа младината цела избега во Германија, странство, а овде никој не останува. Бегаат, а власта треба да поведе сметка за тие работи и да дадат поголема плата и да остануваат тука“.

„Најмногу беспарицата, несигурноста, беззаконието, нема правда и ред други работи. Ќе изработиш, нема што да ти дадат“.

„Секако дека невработеноста ги прави луѓето несреќни. Но и општо општествените политички прилики што се случуваат. Не, не верувам дека некогаш ситуацијата ќе се среди не сум оптимист“.

На првото место на листата на професорот по економија, Стив Ханке, од унивезритетот Џон Хопкинс се најде Зимбабве, чиј индекс за мизерија 414,7, а најголема причина за тоа е инфлацијата.

Што се однесува до земјите во регионот, најмизерна е Босна и Херцеговина, која е на 18-тото место, Црна Гора е 34-тА, а Србија е на 54-та позиција. Грција и Албанија се на 84-то, односно 97-то место, а Хрватска е едно место погоре, на 98-та позиција.

Најдобро котираат Бугарија и Словенија, кои се на 101 и 118 –то место, а најмалку мизерна земја е Швајцарија со индекс 8,518 на 157 место, на листата најмалку мизерни земји, се и Кувајт, Ирска, Јапонија и Малезија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ајде да видиме сега дали ќе крадете!…

Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните…

Иран напаѓа?! Сирени за воздушно предупредување, дронови…

Воените бази Лејкенхит, Милденхол и Фелтвел во…

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми…

Услугите на „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и…

Ги тепале, ги давеле, им се потсмевале:…

Случајот со смртта на 32-годишниот поранешен атлетичар…

ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува растот, но…

Инвестициите во инфраструктура за вештачка интелигенција помагаат…