Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?
На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, во однос на случајот со масовното труење на работници во РЕК Битола.
Во прашањето, Николова побара детално да се испита причината и да се лоцира одговорноста.
„Имаме информации, тоа веќе, нели, јавно се споделени информации, дека во РЕК Битола поголем број на работници се жртви на масовно труење кое се случило во кујната на РЕК Битола. Инспекциските служби на АХВ, како и други надлежни институции, излегле на терен. Наредено било вонредно чистење на кујната и вонредни санитарни прегледи на вработените. Со бројките се калкулира. Раководството најпрво велеше дека се од пет до шест работници затруени. Да, вчера слушнавме дека се 80-тина, а денес да слушаме дека веќе бројката се искачува и на троцифрена бројка на заболени работници. Заменик-министре, жалам што министерката не е овде да одговори, но еве и вие го имате тоа право. Кој е одговорен за оваа ситуација и дали ќе преземете нешто, нели, согласно законот и да бидат навистина казнети оние коишто го доведоа РЕК Битола во една ваква сериозна ситуација“, праша Николова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…