Кој ќе си легне на брашното? ЕУ нуди нов предлог за решение на проблемот меѓу Србија и Косово
Вучиќ: Новиот предлог треба да доведе до решение на проблемите поврзани со Косово и Метохија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ потсети дека синоќа имал двочасовен разговор со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и со советниците за надворешна и безбедносна политика на Република Франција и Сојузна Република Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер.
„Од нив добивме предлог за сосема нова рамка за преговорите во Брисел, која треба да доведе до итно и конечно решение, како што велат, на проблемите со кои се соочувавме и на сите нерешени прашања поврзани со Косово и Метохија.
Сметаат дека, во услови кога има војна во Европа, не се потребни нови конфликти и затоа е потребно брзо решение, а големите западни сили плус Турција сакаат да го решат „проблемот“ на Косово и Метохија, објаснува Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…