Кој “ќе си лежи”? Покренати се постапки за двајца функционери пред надлежните институции

t

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска вечерва изјави дека за двајца од тројцата функционери за кои нејзиниот Кабинет иницираше постапки поврзани со злоупотреба, веќе се покренати постапки од надлежните институции.

– За два веќе имаме фидбек дека има покренато и немам намера да кажувам имиња или да правам сензационализам од ова. Ние треба да ги прифаќаме ваквите работи како нормалност. Ако некој го прекршил законот за него треба да има постапка, рече Грковска во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Во однос на американската „црна листа“ на санкции, вицепремиерката рече дека не се оптоварува многу со тоа, затоа што е механизам што САД го практикуваат не само за нашата, туку и за останатите држави години наназад.

– Првиот момент кога списокот ќе биде спремен за објавување тоа САД ќе го направат, јас не се оптоварувам кој ќе биде на таа листа, ние треба да бидеме загрижени за нашите секојдневни проблеми и прашања и да се справуваме со нив, нагласи Грковска, посочувајќи дека при вчерашната посета на советникот на Стејт Департментот Дерек Шоле немала средба со тимот за санкции.

Таа додаде дека за справување со корупцијата се потребни храбри луѓе со интегритет кои не се плашат да пријават корупција и кои не се подлежни на какви било влијанија, затоа што се убедени во исправноста на нивните одлуки.

– Има ефект ако некој се одважи да пријави во обвинитлство, а тоа поведе постапка и да имаме судска завршница. Довербата на граѓаните особено во правосудниот систем е многу мала, полесно ќе и беше на оваа Влада доколку состојбите во правосудниот систем беа многу подобри, рече Грковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

Тошковски горд на полицијата: ФБИ ја потврди…

Кога резултатите од работата на македонската полиција…

Мицкоски: Кога-тогаш и Ива и нејзиниот татко…

Кога-тогаш, Ива Михаилова и нејзиниот татко кој…

Радев контра ЕУ: Го поддржа договорот на…

Лидерите на ЕУ се состануваат во Брисел…