Крахираше министерство за финансии – не функционира системот па се работи рачно само на ургентни налози
Министерството за финансии е во целосен колапс, а не функционира ниту системот за исплати на налози кои преку министерството ги реализираат сите државни и локални институции.
Според информациите на Инфомакс, Министерството за финансии е под хакерски напад, а во моментов функционира еден линк за наплати и исплати со Македонски Телекон, но не поминуваат никави други исплати од државните институциии.
Во моментов Министерството за финансии обработува само итни исплати и ургентни налози, но рачно, и само во исклучителни ситуации. Рачно се обработуваат и налозите за подигање на девизи.
Согласно правилникот за трезорско работење сите институции имаат обврска исплатите над 5.900 евра во денарска противвредност да се пријават и врз основа на таа пријава со бројот може да се вршат исплати. Во моментов ниту една институција нема пристап до страната за даночни пријави, пријави за исплати и сите останати процедур бидејки не е во функција интерниот портал.
Во општините не функционираат заверките на документи, не се регистрираат плаќањата и исплатите, а не се процесираат ниту даноците.
До објавување на овој текст, од Министерството за финансии се уште немаме одговор на прашањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надоместоци исплаќани без критериум, пропусти во трошоците:…
Државниот завод за ревизија изрази мислење без…
Норвешка одвојува околу 40 милиони евра за…
Норвешка одвојува 425 милиони норвешки круни (околу…
Левица: Владата троши, народот штети – Фискална…
Во Собранието пристигна Предлог-ребалансот на Буџетот за…
Ситуацијата со долгот на Америка рапидно се…
Задолжувањето на САД оваа година е на…
Издадена е втората граѓанска обврзница од 17…
Издадена е втората граѓанска обврзница во износ…