Крај на една ера: Дибиров дефинитивно ја прифати понудата на Загреб
Тимур Дибиров нема да го носи дресот на Вардар во новата натпреварувачка сезона откако рускиот репрезентативец ја прифати понудата да својата кариера да ја продолжи во дресот на Загреб.
Хрватскиот шампион уште пред десетина дена тргна во офанзива по руското лево крило, во надеж дека ќе го убедат Дибиров да стави крај на својата ера во црвено-црниот дрес.
Иако до неодамна изјавуваше дека негова желба е кариерата да ја заврши во црвено-црниот дрес, неговиот став се промени по санкциите за „црвено-црните“ и исклучувањето на македонскиот првак од Лигата на Шампионите.
Дибиров во текот на следната седмица би требал и официјално да се пресели во Загреб, каде во тимот крај себе ќе ги има поранешните соиграчи од Вардар, Вуко Борозан и Иван Чупиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…