Објавено на:

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се збогува со репрезентацијата на Португалија

t

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека официјално ја завршува репрезентативната кариера.

По несогласувањата со Жорж Жезус, селекторот на Португалија, се очекуваше да продолжи неизвесноста околу односот меѓу Кристијано Роналдо и националниот тим. Сега се огласи и самиот Португалец, официјално објавувајќи го крајот на својата репрезентативна кариера.

Роналдо дебитираше за репрезентацијата на Португалија пред 23 години, а досега одигра 234 натпревари и постигна 146 голови.

Со националниот тим ја освои Европската титула во 2016 година, како и два трофеја во Лигата на нации.

До несогласувањата дошло по натпреварот против Норвешка во Лигата на нации. Тој меч предизвика големо внимание бидејќи за првпат по 18 години Роналдо не одигра ниту една минута на натпревар во дресот на Португалија.

Кристијано бил толку лут што го напуштил репрезентативниот камп, по што против него била поведена и дисциплинска постапка. Фудбалскиот сојуз на Португалија го казнил капитенот со, за него симболични, 255 евра, но му изрекол и суспензија од 30 дена од настапите за националниот тим.

Се очекуваше Роналдо да се врати на теренот по истекот на суспензијата, на ноемвриските натпревари од Лигата на нации, но очигледно тоа нема да се случи.

Во продолжение ја пренесуваме емотивната објава на Роналдо:

„Драги Португалци, дојде денот да го вратам дресот со број 7 на нашата репрезентација. Никогаш не сметав дека тој дрес ми припаѓа само мене. Но, цели 23 години имав привилегија и одговорност да го носам, да ги бранам неговите бои и да ја претставувам нашата земја на стадионите ширум светот. Денес дојде време да им го препуштам на идните генерации. Одлуката не беше лесна, бидејќи некои одлуки не ги носиме само со разумот. Ги носиме и со срцето.

Го завршувам патувањето што започна во август 2003 година и засекогаш ми го промени животот. Кога ќе се навратам на сè што доживеав во репрезентацијата, не гледам само натпревари, голови, рекорди и трофеи. Гледам луѓе. Ги гледам нашите иселеници кои во тие 90 минути чувствуваа дека Португалија им е барем малку поблиску. Гледам милиони Португалци кои никогаш лично не сум ги запознал, но кои беа дел од мојот живот. Зашто, на крајот на краиштата, фудбалот е многу повеќе од игра. Фудбалот се луѓето.

Во текот на целата моја репрезентативна кариера се трудев постојано да ги поместувам сопствените граници. Сакав да победувам, сакав да бидам најдобар, сакав да пишувам историја. Секогаш бев строг кон себе. Секогаш сакав повеќе, секогаш верував дека можеме да направиме уште еден чекор напред. И го дадов сето она што го имав за овој дрес.

Имаше совршени попладниња и вечери, победи што никогаш нема да ги заборавам, но и порази на кои и денес ми е тешко да се сетам. И јас грешев, и јас страдав. Имаше моменти кога не успевав да им го дадам на Португалците она што толку многу го посакуваа. Но, никогаш не се откажав. И, што е најважно, никогаш не престанав да чувствувам гордост што ја претставувам Португалија.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО:Фантастичен гол на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо ја потврди својата класа во…

Роналдо е најплатениот спортист во светот

Познатиот американски спортски портал Sportico ја објави…

Го прашаа Ибрахимовиќ, кој е подобар, Меси…

Златан Ибрахимовиќ, легендата на Милан и консултант…

(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…

Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…

Вереницата на Роналдо со шокантно тврдење: Ни…

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се…