Објавено на:

Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник нападнал маж со секира, па мирно ја чекал полицијата

t

Утрово во центарот на Белград е убиен маж, а за злосторството е осомничен 26-годишник. Според српските медиуми, тој останал на местото на убиството и ја чекал полицијата.

Како што објави српски „Телеграф“, убиството се случило околу 7 часот наутро во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП.

Полицијата рано наутро добила пријава за злосторството и веднаш испратила патрола на местото на настанот.

Според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, полицајците на адресата пронашле 26-годишен маж кој наводно го признал злосторството.

„Го убив со секира“, наводно им рекол тој на полицајците по нивното пристигнување.

Полицијата веднаш го уапсила и го притворила.

Голем број полицајци и форензички експерти се на местото на злосторството и спроведуваат истрага.

Истражителите ги утврдуваат околностите на убиството, можниот мотив и односот помеѓу осомничениот и жртвата.

Идентитетот на убиениот маж сè уште не е објавен, а полицијата работи на негово идентификување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицајци во Белград кршеле прозорци за…

Двајца полициски службеници ризикувале сопствената безбедност за…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…

(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…

Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…