„КРВ ИМАШЕ СЕКАДЕ ВО СОБАТА“: Кавадарчанка ја нападнала мајка си со остар предмет
Кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си рано изутринава, оваа информација ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од Брзата помош.
– Ние како екипа на Итната медицинска помош заминавме на местото на настанот веднаш по дојавата. Жената имаше повреда на главата, голема исеченица и оток на местото на ударот, дома крв имаше секаде во собата. Ја однесовме во кавадаречката болница – појасни Нерков.
Од СВР Велес го потврдија случајот.
„На 10.09.2024 во 03.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ја лишиле од слобода В.Ѓ.М.(32) од Квадарци, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка. В.Ѓ.М. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, рекоа од СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…
Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…
Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…
Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…