Кредитите двојно поскапеа!

t

За една година повеќе од двојно е зголемена референтната каматна стапка. Каматите растат за да се заузда инфлацијата. По рекордната висина лани, инфлацијата годинава се стабилзира, а тоа може да биде добар знак. Но и покрај високите камати, граѓаните се задолжуваат.

Парите стануваат сè поскапи, особено ако ги зајмите од банка. Од лани референтната каматна стапка на кредитите е зголемена за повеќе од двојно. Лани во септември била 3 проценти, а сега е 6,50.

Највисока каматна стапка од 15, 21 отсто е забележана во декември 2002-ра, најниско ниво во последните дваесет години, каматите достигнуваат во март 2021, кога каматата паѓа на 1,25 проценти. На тоа ниво се задржува една година. Од април почнува да расте. Оттогаш ова е 14 зголемување што го прави Народната Банка.

Растот на каматите е за да се заузда инфлацијата. Таа лани во октомври го достигна максимумот од 19,8 проценти, додека, пак, последните податоци, кои се однесуваат на август покажуваат дека таа сега изнесува 8,20 отсто.

Извор: Радио Слободна Европа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски во работна посета на Литванија и…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…

Европската Унија ќе учествува со свои претставници…

Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…

Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…

Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…

Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…