Кремљ: Внимателно го следиме Самитот на НАТО и ќе преземеме мерки за заштита на безбедноста на Русија
Кремљ денеска соопшти дека многу внимателно го следи Самитот на НАТО во Вилнус и оти ќе направи „темелна анализа“ на изјавите на западните лидери, и како резултат на тоа ќе преземе мерки за заштита на безбедноста на Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „европските лидери изгледа не разбираат дека придвижувањето на инфраструктурата на НАТО поблиску до границите на Русија е грешка и дека напредокот на западната воена алијанса во Централна и Источна Европа е она што доведе до сегашната криза во Украина“.
Според него, евентуалниот прием на Украина во НАТО е исклучително опасен за европската безбедност и тоа треба да го разберат луѓето кои носат такви одлуки.
Песков се осврна и на членството на Шведска во НАТО ќе има јасни негативни последици за безбедноста на Русија, а Москва ќе одговори со мерки слични на оние што ги презеде откако Финска се приклучи Алијансата.
Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров наведе дека Москва подготвува „соодветни мерки“ во очекување на натамошното проширување на НАТО. Тој не изнесе повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската комисија ја „пере“ фон дер лајен:…
Кратката средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ…
Мицкоски со серија на средби во Њујорк:…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија…
ОЈО ГОКК се огласи за акцијата со…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Сомнеж за саботажа во Полска: Пожар ја…
Пожар избувнал до копнената сателитска станица на…
Прв случај на западнонилска треска во Тетово
Регистриран е прв случај на заболен со…