Кремљ негира дека врши притисок Навални да биде погребан во тајност
Руската Влада ги отфрла обвинувањата дека се обидува да изврши притисок врз роднините на починатиот опозиционер Алексеј Навални да организираат погреб во тајност.
-Се разбира дека Кремљ не може да врши никаков притисок. Ова се дополнителни апсурдни изјави на поддржувачите (на Навални), изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Телото на Навални, кој почина во сибирски затвор на 47-годишна возраст на 16 февруари, беше предадено на неговата мајка дури на 24 февруари по неколкудневно чекање и молби до властите, вклучително и директен апел до рускиот претседател Владимир Путин да и го предаде телото.
Људмила Навална, исто така, ги обвини властите дека вршеле притисок да го закопа синот во тајност.
Сè уште не е јасно каде и како ќе биде погребан Навални. Неговата мајка го отфрли барањето за таен погреб и се залага за јавна церемонија на која неговите поддржувачи ќе му оддадат почит. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погоден танкер во Ормускиот Теснец
Британскиот центар за поморски трговски операции (УММТО)…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Трамп: Дел од медиумите се закана за…
Американскиот претседател Доналд Трамп обвини некои медиуми…
Дубаи прогласи 10 дена жалост: почина шеикот…
Заменикот на началникот на полицијата во Дубаи,…
Мерко ќе плати 5.000 евра за незаконско…
Парична казна во висина од 5.000 евра…