Кремљ: Опасни изјави на Макрон
Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање војници во Украина се опасни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до изјавата на Макрон, ова е нов елемент и е многу поопасен. Нашите западни партнери се, од една страна, предвидливи, но од друга, за жал, почнуваат да размислуваат за теми како директно испраќање воени контингенти во Украина, што може да предизвика непоправлива штета на безбедноста и стабилноста на континентот и да доведе до непоправливи последици“, рече Песков за Првиот канал.
Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот изјави дека западните лидери разговарале за можноста за испраќање војници во Украина, но дека сè уште не е постигнат консензус. Францускиот премиер Габриел Атал, исто така, не ја исклучи можноста за испраќање војска во Украина и додаде дека Париз „не може да се помири“ со победата на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…