Кривичен го одобри обвинението за „Адитив“ – наскоро почнува судењето

t

Кривичниот суд во целост го одобри обвинението за предметот „Адитив“ и наскоро треба да почне судењето против обвинетите меѓу кои се двајца поранешни директори на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој се уште е во бегство и неговиот наследник Васко Стефанов.

-По ценење на наводите во обвинението и приговорите на обвинението донесе решени со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. Согласно одобрениот обвинителен акт оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 73/25 кој преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а откако ќе биде насрочена главната расправа, терминот ќе биде достапен преку Календарот на судење на веб страната на судот – соопшти Кривичниот суд.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“.
Ковачевски е обвинет за несовесно работење во службата, за неколку кривични дела се товарат Стефанов, како и екс директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и поранешните комерцијални директори на ЕСМ, Адријан Муча и Данчо Стојановски.

Тие во период од април во 2023 година до август во 2024 година, создале група со цел вршење на кривични дела. Според обвинението, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. На фирмата „Браинкоде“ која го добила тендерот ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист од 6,4 милиони евра.

Меѓу новите осомничени во случајот е претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Енес Демири ослободен од обвинение за убиството…

Адвокатката Ивана Јакимовска соопштува дека нејзиниот клиент…

Обвинение за над 6,5 милиони евра штета…

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител…

Поднесено обвинение против повеќе лица за кривични…

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од…

Трамп објави фотографија од Мадуро: „Спектакуларен напад…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија од…

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со…

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…