Кривична пријава за возачот на Палчо!

t

Вчера (07.12.2023) Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик.

Имено, С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 01 до 03.12.2023 му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување” по член 141 и „убиство” по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газда на фирма не пријавил данок од…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривична за битолчанец: Вршел полови дејствија пред…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.М.(54)…

Кривична пријава против поранешен директор на Водовод…

Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен…

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите…

Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави…

Кривична против инвеститорот и четири лица од…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53)…