КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК: Противзаконски користел буџетски средства за време на избори
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори” по член 165-в од Кривичниот законик. Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година. Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газда на фирма не пријавил данок од…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…