Кривична пријава за три лица од Велес по текст на Инфомакс – Дали недостасуваат документи поради упад на надворешни лица во службена документација?
Општинскиот огранок на СДСМ во Велес поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека функционери во локалните институции ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, откако Инфомакс објави дека лицата неовластено влегуваат во просториите на МВР и буричкаат по личните документи на граѓаните на Велес.
– Онака како што најавивме пред некој ден, а во врска во објавената фотографија на порталот “Инфомакс” на која што јасно се гледа како Командирот на противпожарната служба во Велес, во присуство и надзор на Заменик градоначалникот а воедно и советник во општина Велес буквално тарашка по личните документи на нашите сограѓани, денес, ОО СДСМ Велес поднесе “Кривична пријава” до Основното Јавно Обвинителство поради “ Постоење на основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело: Злоупотреба на службена должност од член 353 ст.1 од Казнениот Законик” против три лица и тоа:
– Маргица Цветановска – Началник на сектор на управни служби Велес
– Димче Јованов – Командир на ТППЕ Велес
– Коста Нојков – Советник во општина Велес и Заменик градоначалник
Почитувани,
Ова што го видовме деновиве, начинот на кој што се опрактикува сила од страна на високи функционери во пасошкото одделение во Велес е семо потсетување на тоа како владееше ДПМНЕ. За нив државата е очигледно во служба единствено на партијата. ОО СДСМ Велес застанува во одбрана на граѓаните и во служба на Законите на РСМ.
Воедно уште еднаш го прашуваме јавно го прашуваме министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
1. Дали и тој презема мерки против злоупотребата на службената положба на натрапниците?
2. Дали и тој поведе постапка против раководителот на одделението за лични документи при СВР Велес?
3. Дали недостасуваат лични карти и пасоши на граѓани на Велес поради упад на надворешни лица во службена документација? – велат од СДСМ Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…