Кривична пријава против началникот на белградската полиција!

t

Против началникот на белградската полиција Веселин Милиќ е поднесена кривична пријава од адвокатите на оштетените бидејќи на прес-конференција покажал список на потенцијални жртви на малолетникот К.К., кој уби девет ученици и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“.

Во официјалниот одговор на обвинителството на барањето за пристап до информации од јавно значење уште на 26 октомври пишуваше дека против началникот Милиќ е поднесена кривична пријава до Обвинителството за кривичните дела несовесно работење, неовластено објавување и прикажување на туѓо досие, портрет и видео, како и дека Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија не контактирал со Обвинителството во врска со овој настан, па ова Обвинителство доставило барање до СУК да ги собере потребните информации.

Бидејќи оттогаш ниту една од овие институции јавно не се изјасни, испративме прашање до Првиото ОЈО во Белград дали СУК постапил по нивното барање. Од Обвинителството одговорија дека Секторот не постапил по нивното барање, а обвинителството повторно испратило итно барање за прибирање на потребните информации, но ниту на тоа никој од МВР не одговорил.

Горан Ступар, адвокат и поранешен инспектор на новосадската полиција, за Данас вели дека овој случај е само уште еден доказ за колапсот на правниот систем, како и дека обвинителството морало самоиницијативно да ја покрене постапката, како прашање по службена должност.

– Со приложување на список со имиња и презимиња на малолетници на кои К.К., наводно, планирал да им ги одземе животите, како и со објавување име и презиме на малолетникот К.К., кој е осомничен, Милиќ сторил кривично дело неовластено собирање лични податоци од член 146 став 3 во врска со став 1 од КЗ за кој е пропишана казна затвор до три години. Конкретно, тој ги користел личните податоци на малолетниците, кои вообичаено се собирале врз основа на законот, за цели за кои не биле наменети и им ги презентирал на претставниците на медиумите на прес-конференцијата – наведува Ступар.

Адвокатот потсетува и дека Србија со потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето од 1989 година се обврзала да гарантира, меѓу другото, почитување на неговата приватност во сите фази од постапката за секое дете кое е осомничено или обвинето дека сторило кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…

Турски државјанин на возраст од 25 години…

Таткото на убиецот од „Рибникар“ осуден на…

Вишиот суд во Белград ги осуди родителите…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…

Утрово во центарот на Белград е убиен…

Тешка несреќа во Белград: Трамвај се заби…

Во белградската населба Дорќол утрово се случи…