Кривично ќе се гони скопјанецот кој му ја запали влезната врата на соседот во Кисела Вода
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т. (50) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, завчера околу 05:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода била опожарена влезната врата од стан, сопственост на Х.С. (57). Полициските службеници од ЕВР Кисела Вода веднаш презеле мерки за расчистување на случајот.
По извршениот увид, анализата на видео-документацијата и дополнително преземените активности, како можен сторител бил идентификуван Д.Т.
Лицето било лишено од слобода вчера. Во присуство на дежурен јавен обвинител и очевидец, кој го препознал како сторител, со него бил извршен службен разговор.
При разговорот биле обезбедени дополнителни сознанија и појаснувања за начинот на извршување на кривичното дело, по што против него била поднесена кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…
Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…
Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…
Загубите на вода на национално ниво во…
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…
АХВ со нови мерки за водата во…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…